Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 21.176.295 лица. Од нив починале 759.397, а оздравеле 13.987.945 луѓе.
Во изминатите 24 часа, во Федерацијата на БиХ биле тестирани 1.484 примероци, од кои 238 се позитивни за коронавирусот, додека осум лица починаа.
Во Грција повторно е регистриран голем број новозаболени. Во изминатите 24 часа има 254 нови случаи на ковид-19, а починаа две лица. Од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 223 смртни случаи и 6.632 заразени лица
Во Хрватска се потврдени 208 новозаразени лица во последните 24 часа, што е највисоко од почетокот на епидемијата на вирусот во таа држава. Бројот на активни случаи е 961.111, на респиратор се 10. Две лица починаа.
Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани осум починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на ковид-19 достигна до 381. Во текот на вчерашниот ден официјално се регистрирани 142 новозаболени од ковид-19, додека вкупно заразени од појавата на епидемијата се 11.130 лица. Во истиот извештаен период се евидентирани и 201 излекуван.
Во Албанија во последните 24 часа од направени се 639 тестови позитивни на ковид-19 се 146 лица, нешто повеќе од 50 отсто од нив или 76 се во Тирана. Битката со опасниот вирус ја добија 79, но за жал и поктрај сите напори на лекарите ја изгубија шест пациенти, стои во соопштението на Министертвото за здравтсво и социјална заштита. Познати албански лекари и понатаму бараат да се зголеми бројот на тестови до 2.000 во едно деноноќие, со што би се откриле кластерите и би се стопирал трендот на раст на новозаразени.