Поранешниот пратеник во Собранието, Павле Богоевски објави дека политичката партија „Левица“ има депозит поголем од 30.000 евра во Еуростандард банка. Ова е причината, според Богоевски, зошто лидерот на партијата Димитар Апасиев е гласен за пропаѓањето на банката, обвинувајќи го дека му е гајле за парите на обесправените граѓани.
„Партиската сметка за изборите е со код на Еуростандард Банка. Затоа се изненадив кога димчевистиве со молскавична брзина се потресоа во име на „обесправениот работник и граѓанин“. Па сега уште и пампари со некави реформи за „антилихварско банкарство“. Ама друштво – парите на вистинската работничка класа, таа што нема депозити поголеми од 30.000 евра – се заштитени и ќе бидат директно обесштетени. Сретствата ќе може да си ги побараат и останатите доверители преку стечајната маса, ама за жал тоа ќе оди подолго и потешко. Тоа е реалноста.Многу ми е криво што ќе му заглават парите на димче ама нели левица беше партија од народот за народот на која не и’ требаат тешко заработените пари на граѓаните? – пишува Богоевски, како реакција на објавата на Апасиев дека ќе иницира антилихварско законодавство и реформа на банкарскиот сектор.
пишува Богоевски, како реакција на објавата на Апасиев дека ќе иницира антилихварско законодавство и реформа на банкарскиот сектор.
Претходно, Апасиев објави дека пропаѓањето на Еуростандард банка го гледа како „подмолна игра“, обвинувјќи ги гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска за тргување со инсајдерски информации околу пропаѓањето на банката.