Француските власти најавија реципрочни мерки, додека Холандија соопшти дека одлуките ги носат врз основа на факти, а не на емоции
Од утре, сите кои доаѓаат во Велика Британија од Франција и неколку други земји ќе мора да поминат 14 дена во карантин, одлучија британските власти.
Од сите патници – вклучително и британските државјани – се бара да остават адреса во Велика Британија каде ќе бидат во изолација. Доколку дадат погрешни информации или воопшто не достават вакви податоци, казната е 100 фунти.
Оние пак, кои нема да ја почитуваат смоиолцијата ќе бидат казнети со 1 000 фунти во Англија, Велс и Северна Ирска и 480 фунти во Шкотска, а додека одбивањето да се применат мерките во континуитет предвидува казни и до 5 000 фунти.
Како што јавува Би-би-си голем број од Британците кои се наоѓаат на одмор во Франција, Монако, Малта, Арууба или се во Холандија-земји за кои се однесува мерката, се обидуваат да се вратат дома пред стапувањето на сила на оваа мерка. Се претпоставува дека повеќе од 150 000 туристи од Велика Британија се во Франција во моментов, а стапувањето на сила на мерката се очекува да принуди илјадници од нив да ги прекинат одморите и преку пристаништата и аеродромите да се вратат дома за да избегнат карантин.
Франција во првата реакција соопшти дека ова ќе повлече реципрочни мерки за Британија. Портпаролката на францускиот претседател з Би-би-си изјавила дека Лондон може да очекува многу брз одговор на мерката.
Француските власти ги прогласија Париз и Марсеј и нивните околини за зони од највисок ризик од коронавирус, со што се отвора можност за преземање остри мерки за нивно затворање.
Одлуката доаѓа откако бројот на заразени во Франија нагло порасна во изминатите две недели, при што вчера беа регистрирани над 2 500 нови случај, втор ден последователно.
Во Холандија, која исто така се наоѓа на листата за карантин на Британија, бројот на дневно заразените случаи порасна од 40 на 600, при што најголем дел се млади, од кои 70 отсто се заразиле на приватни собири.
Од холандската Влада истакнуваат дека нема да воведат противмерка за Британија, бидејќи одлуки ги носта врз основа на факти, а не на емоции.