Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека уште денеска ќе побара Собранието да му обезбеди канцеларија како пратеник. Пропаѓањето на Еуростандард банка, што според него е „подмолна игра“ му е тригер за иницирање на реформа на банкарскиот сектор. Ги обвинува гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска за тргување со инсајдерски информации околу пропаѓањето на банката.
„Подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на Гувернерката и Министерката за финансии ќе биде тригер за иницирање голема реформа на банкарскиот сектор – преку она што ние го нарекуваме АНТИЛИХВАРСКО ЗАКОНОДАВСТВО!Овие мерки ќе бидат предложени во најскоро време од страна на пратениците на Левица, со цел ослободување на народот од должничкото ропство спрема алчните банкари. Уште денес ќе одам во Собранието на Република Македонија и ќе барам да ми биде доделена канцеларија, бидејќи чим СДС си толкува дека ‘парламентот е конституиран’, тогаш по закон се должни да ни обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаме у ходници како некои кираџии. Веќе од следната недела ќе се консултирам со еминентни професори од економските факултети ширум Македонија за да ставиме крај на оваа правна несигурност која илјадници сограѓани, преку ноќ, ги доведува на раб на нервен слом и им ги уништува животите, а ниту еден банкар досега не одговарал кривично за она што го предизвикал. Вака веќе не може!“
напиша Апасиев на фејсбук профилот.

Меѓу мерките што ги предлага се воведување на државна комерцијaлна банка за бескаматно кредитирање, ограничување на банкарските провизии, воведување максимална каматна стапка од 3%, намалување на казнените камати, укинување на т.н. „брзи кредити“.

поврзана вест: Народна банка ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка, бара да оди во стечај
поврзана вест: ВМРО-ДПМНЕ до Нина Ангеловска: Дали ги извади своите пари од Еуростандард банка пред нејзиното пропаѓање?
поврзана вест: Ангеловска го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Промената во имотниот лист е многу порано направена