Носењето заштитна маска за лице од денеска е задолжително во Брисел, пренесуваат белгиските медиуми. Мерката е донесена поради зголемениот број заразени со коронавирус.
Во текот на минатата недела во белгиската престолнина во просек дневно беа регистрирани по 50 новозаразени на 100 000 жители, што ја принуди градската власт да наложи носење маска на сите јавни места во градот, што значи и во паркови и на улица.
Мерката не се однесува на деца до 12 години, како и за лица со посебни потреби.