Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 20.122,614 лица. Од нив починале 735.721, а оздравеле 12.969,895.
Од регионов во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 78 новозаразени лица и четири смртни случаи, соопшти Институтот за јавно здравје. Беа анализирани 395 примероци за новиот коронавирус. Во Црна Гора се регистрирани вкупно 59 смртни случаи од почетокот на јуни, а 68 од почетокот на пандемијата. Вкупниот број на активни случаи на ковид-19 во Црна Гора во моментов е 1.107.
Во Албанија продолжува високата бројка на новозаразени во едно деноноќие, појава присутна повеќе од еден месец, кога во просек дневно се потврдуваат по повеќе од 100 нови случаи. Во изминатите 24 часа од направените 506 тестови позитивен резултат е добиен кај 125 од нив. Тирана и понатаму останува главно жариште на болеста од каде се 68 од новозаразените.
Институтот за јавно здравство на Косово во редовниот дневен извештај за состојбата со ковид-19, попладнево објави дека вчера во земјата се евидентирани 14 починати кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата се искачи на 371. Изминатите 24 часа во Косово се регистрирани и 172 новозаболени од ковид-19, како и 114 лица кои ја пребродиле болеста.