Министерството за внатрешни работи соопшти дека вво изминатото деноноќие регистрирале 297 прекршоци за неносење маска на територијата на државава.
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги
велат од МВР.
почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19“,
Во време кога често е непочитувањето на мерките против ширење на коронавирусот, вчера од Министерството за здравство повторно потсетија дека во Република Северна Македонија задолжително е носењето заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можност за одржување дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично. Правилната употреба на маската или прекривката за лице е клучна за ефикасно спречување на ширење на вирусот.