Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас ја критикуваше контроверзната одлука „Света Софија“ од музеј да се претвори во џамија.
„Тоа е одлука што не можеме да ја сфатиме. Уникатниот споменик е место на светското културно наследство со значење далеку поголемо од Турција. Одлуката за враќање на Света Софија во џамија нема да помогне во дијалогот меѓу ЕУ и Турција“,
изјави Маас.
Неговите проценки се дека УНЕСКО ќе го разгледа статусот на споменикот како светското културно наследство.
Света Софија е изградена од византискиот император Јустинијан Први во 537 година како најголема црква во христијанскиот свет. Била претворена во џамија по османлиското освојување на Цариград во 1453 година.
Статусот од џамија во музеј бил сменет со указот од 1934 година на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерната турска република.