Американскиот државен секретар Мајк Помпео апелираше до американските сојузници да „применат покреативни и поефикасни начини“ на притисок врз официјален Пекинг за да го смени своето однесување.
Помпео понуди да се формира „нов сојуз на демократии“ за борба против Кина, затоа што со своите постапки, Кина претставува „комплекс на нови предизвици“ со кои Западот досега не се соочил.
Тој дури изрази уверување дека постои шанса дури и Русија да се вклучи во американската политика насочена против Кина.
„Мислам дека постои шанса. Таа можност се создаде од природните односи меѓу Русија и Кина и можеме да направиме нешто. Постојат места каде што треба да соработуваме со Русија, рече Помпео.