Дваесетгодишниот син на американската федерална судијка Естер Салас починал на лице место, а нејзиниот сопруг е тешко повреден, откако напаѓач маскиран како доставувач на „Федекс“ ги застрелал во нивниот дом во Њу Џерси.
Салас која за време на пукањето била во друг дел од куќата, не е повредена.
Полицијата соопшти дека се уште трага по убиецот и мотивите не се откриваат.
Тамошните медиуми пишуваат дека пред четири дена Салас била назначена на случај по тужба поднесена од инвеститорите на Дојче Банк поврзан со милијардерот обвинет за сексуални злосторства Џефри Епстин, но не се открива дали ова е поврзано со нападот.
Салас била назначена на функцијата од страна на поранешниот претседател Барак Обама во 2010 година.