Дваесет и тригодишна кавадарчанка е осомничена за сторено кривично дело повреда на тајноста на гласањето, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
„Во Одделението за внатрешни работи Кавадарци синоќа во 17:00 часот била повикана 23-годишна кавадарчанка поради сомнение дека како член на избирачки одбор на гласачко место во Кавадарци, на 15.7.2020 сторила кривично дело повреда на тајноста на гласањето“,
соопшти Додевски.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.