Навреме и без проблеми се отворени сите 167 избирачки места во Куманово, каде што се регистрирани 92 167 гласачи.
До овој момент гласањето се одвива непречено.
Потпретседателка на избирачко место 1038 Бакуше Фејзули вели дека до овој момент сѐ тече без проблеми – навреме ги добиле сите материјали и навреме е отворено избирачкото место.

„Ова избирачко место има 931 гласач и до овој момент правото на глас го искористија околу 25 граѓани. Почнавме навреме, имаме средство за дезинфекција, ние, членовите на комисијата одржуваме дистанца и истото им го препорачуваме и на граѓаните кои доаѓаат да гласат. Досега не е забележан некаков проблем и се’ се одвива како што треба,“
вели Фејзули.
За разлика од претходните гласања, членовите на избирачките комисии на овие избори паралелно треба да ги следат упатствата на ДИК и протоколите на Комисијата за заразни болести.