Во текот на утрешниот ден, кој е прогласен за неработен поради одржувањето на парламентарните избори, во скопските поликлиники во трета смена ќе работат дежурните ординации.
Од Здравствениот дом – Скопје информираат дека дежурни ординации ќе има во поликлиниките: Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.
Службата на Итната медицинска помош со домашно лекување ќе се работи непрекинато 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.