Во Софија, Варна, Бургас, Стара Загора, Хасково и неколку други градови во Бугарија и вечерва се закажани антивладини протести.
Под слоганите „Протестирам за да не емигрирам“, „Сакаме иднина за нашите деца“, „Бугарија на народот, а не на мафијата“, главните барања на демонстрантите се оставката на владата и главниот обвинител.
Протестите почнаа откако во четвртокот државниот обвинител Иван Гешев издаде наредба за претрес во кабинетот на претседателот Румен Радев и за приведување на двајца негови соработници осомничени за тргување со влијание.
Радев е од редовите на спротивниот политички табор на Борисов на бугарската политичка сцена. Тој стана претседател во 2016 година, поддржат од Социјалистичката партијата и отворено ја критикува Владата и ја обвинува за корупција, невладеење на правото и цензурирање на слободата на говор.
Изминатите денови тие се мирни, а зголемено присуство на полицијата има во сите градови.