Според него, станува збор за катастрофални услови во кои се лекуваат пациентите и работат лекарите

Поплавена соба и распаднат таван – ваков опис дава лидерот на СДСМ, Венко Филипче објавувајќи фотографија од соба за која вели дека е во Клиничката болница во Штип.
„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски“,
пишува Филипче во објава на неговиот фејсбук-профил.
Според него, станува збор за катастрофални услови во кои се лекуваат пациентите и работат лекарите.
„Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“,
прашува Филипче.
