Несреќата се случила околу 19 часот, после клучката кај Радишани, а во неа учествувале „опел“ и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и „ауди“ со косовски регистрации
Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва се случила на обиколницата „Мајка Тереза“ во Скопје во правец кон Тетово. Несреќата се случила околу 19 часот после клучката кај Радишани, а во неа учествувале три возила – „опел“ и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и „ауди“ со косовски регистрации.

„Од незгодата со повреди се здобиле пет лица кои со возила на Итна медицинска помош се пренесени во здравствени установи за укажување помош“,
информираат од МВР.
МВР презема мерки за утврдување на причините за сообраќајната несреќа.
