Светската здравствена организација алармира дека кризата со ковид-19 може да се влоши доколку сите земји не ги следат основните здравствени мерки на претпазливост.
„Дозволете ми да кажам отворено – премногу земји одат во погрешна насока, вирусот останува јавен непријател број еден. Ако не се следат основните правила, оваа пандемија ќе продолжи само на еден начин – ќе се влоши и ќе биде се полошо. Но, тоа не треба да се случи“,
нагласи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на видео брифинг во Женева.
Бројот на заразени со новиот коронавирус се искачи на повеќе од 13 милиони низ целиот свет до денеска.
За само пет дена, бројот на случаи е зголемен за еден милион, а досега вирусот уби повеќе од половина милион луѓе.