Тој првпат ја најави идејата на 19 октомври, кога објави дека следната година ќе подари по една своја акција од „Спејс икс“ на секое дете во САД, без притоа да ги соопшти деталите за начинот на распределба и условите за добивање
Според проценките, ако се земат предвид околу 72 милиони деца во САД и берзанската цена на акциите на „Спејс икс“ на затворањето на берзата во средата, вкупната вредност на подарокот би достигнала околу 18,3 милијарди долари
Американскиот милијардер Илон Маск најави дека секое дете во САД ќе добие по две акции од неговата компанија „Спејс икс“ – една што ќе ја донира компанијата и една што тој лично ќе ја подари.

„Секое дете во Америка ќе добие две акции на ‘Спејс икс‘, една од компанијата и една лично од мене“,
напиша тој на социјалната мрежа Икс.
Со ова Маск го удвои ветувањето што го даде минатиот месец, кога најави дека во текот на следната година ќе подари по една своја акција на секое дете во Америка.
Од „Спејс икс“ соопштија дека ќе донираат по една новоиздадена акција од класата А за секоја активна инвестициска сметка „Трамп акаунт“, наменета за долгорочно штедење на американските деца.
Маск најави дека лично ќе го изедначи бројот на акции што ќе ги донира компанијата.
Според проценките, ако се земат предвид околу 72 милиони деца во САД и берзанската цена на акциите на „Спејс икс“ на затворањето на берзата во средата, вкупната вредност на подарокот би достигнала околу 18,3 милијарди долари.
Every child in America will receive two SpaceX shares, one from the company and one from me personally
— Elon Musk (@elonmusk) November 26, 2026
Компанијата планира своите акции да ги пренесе уште следниот месец, додека личната донација на Маск треба да биде реализирана откако ќе истече ограничувањето за располагање со неговите акции, во јуни следната година.
Засега не се објавени сите детали за начинот на распределба, ниту е целосно разјаснето дали и личната донација на Маск ќе биде поврзана со програмата „Трамп акаунт“.
Маск првпат ја најави идејата на 19 октомври, кога објави дека следната година ќе подари по една своја акција од „Спејс икс“ на секое дете во САД, без притоа да ги соопшти деталите за начинот на распределба и условите за добивање.
Најавата дојде во период на засилени критики кон технолошките компании поради влијанието на вештачката интелигенција врз работните места и општеството. Таа следуваше и еден ден по објавата на компанијата „Антропик“ дека ќе издвои најмалку пет отсто од своите акции во фонд наменет за јавно добро, од кој би се финансирале непрофитни организации и други корисни општествени иницијативи.
Во меѓувреме, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе таканаречените „Трамп сметки“, како даночно повластени штедни и инвестициски сметки за деца. Децата родени од 2025 до 2028 година имаат право на почетен државен влог од 1 000 долари.
