Од јули 2024 година досега, Министерството одзело четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворило три друштва и изрекло глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3 040 323 денари, односно околу 49 400 евра. Дополнително, издадени се 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности
Министерството за финансии изрече привремена забрана за одобрување кредити во траење од 30 дена и парични глоби за две финансиски друштва, по спроведен вонреден надзор во последните три месеци, постапувајќи по пријави од граѓани.

Од Министерството информираат дека продолжуваат со засилен надзор над работењето на финансиските друштва, со цел спречување неправилности и заштита на граѓаните како корисници на финансиски услуги.
Од јули 2024 година досега, Министерството одзело четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворило три друштва и изрекло глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3 040 323 денари, односно околу 49 400 евра.
Дополнително, издадени се 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.
Надзорот се спроведува преку континуирано следење и непосредни контроли, при што посебно внимание се посветува на претставките и пријавите од граѓаните.
Од Министерството ги повикуваат граѓаните кои сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности да поднесат пријава преку архивата на Министерството, по пошта или на електронската адреса: [email protected].
