Осомничениот се обидел непријавените штеки да ги пренесе во камионот декларирајќи дека пренесува пропиленски гранулати
Поради опасност од бегство, за осомничениот е доставен предлог за определување мерка притвор
Српски државјанин се обидел да пренесе непријавени 5 000 штеки цигари во камион преку царинската линија на граничниот премин „Богородица“, информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија, од каде што додаваат дека против осомничениот е поведена постапка за сторено кривично дело криумчарење.
Цигарите биле од марките „марлборо“, „давидоф“ и „винстон“, а биле ставени во 100 картонски кутии без ознаки.

Вкупната вредност на цигарите, како што велат од Обвинителството, изнесува околу девет милиони денари.
Во описот на случајот се вели дека осомничениот се обидел непријавените штеки да ги пренесе во камионот декларирајќи дека пренесува пропиленски гранулати.
„Меѓу пријавената стока во приколката, во нејзниот преден и средишен дел, царинските службеници ја пронашле непријавената стока која веднаш била одземена“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство.
