„Откога ќе се видам со новиот претседател на УСС УКИМ, кој е легитимен претставник на студентите, ќе организираме уште една средба со претставниците на студентските собранија на сите универзитети, како што и во минатото го имавме тоа направено, за конечно да ги видиме нивното мислење и нивните размислувања“, изјави министерката
Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека денеска ќе има средба со новиот претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, со кого ќе разговара за новиот модел на студентски оброк.

„Откога ќе се видам со новиот претседател на УСС УКИМ, кој е легитимен претставник на студентите, ќе организираме уште една средба со претставниците на студентските собранија на сите универзитети, како што и во минатото го имавме тоа направено, за конечно да ги видиме нивното мислење и нивните размислувања“,
изјави Јаневска одговарајќи на новинарско прашање за мерката за млади.
Таа вели дека мерката сѐ уште се разработува и дека конечниот став ќе се донесе по консултациите со студентите.
„Она што е важно е дека тоа ќе биде електронска апликација во која студентите кај сите оператори што ќе ги избере Владата со картичката за студентски оброк ќе добиваат 20 отсто, или е-апликацијата за студентски оброк, или ваучерот за студентски 20 отсто попуст на она што ќе го земат со тие средства и 20 отсто попуст на сѐ друго во тој оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и особено многу водиме грижа за младите луѓе во земјата“,
изјави министерката.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави дека субвенционираниот студентски оброк ќе биде зголемен, а покрај зголемувањето на средствата за оброк, на студентите ќе им се овозможат и дополнителни привилегии што досега не им биле достапни со цел, како што вели, подигнување на студентскиот стандард.
