Болничкиот персонал реагирал навреме и ги евакуирал пациентите сместени во собата, како и посетителите што се наоѓале таму во моментот на избувнувањето на пожарот
Огнот бил локализиран за кратко време и нема опасност од негово понатамошно ширење
Пожар избувна денеска на вториот кат во Градската општа болница „8 Септември“ откако се запалиле инвалидски колички оставени на балканот од болничка соба, информираат од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ).

Известувањето на пожарот е добиено од единствениот прој за итни случаи 112, по што на местото на настанот веднаш се упатени противпожарни единици.
Пожарот избивнал на вториот кат од болницата, поточно на Одделението за ортопедија.
Ѕвонко Томевски, командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во изјава за „360 степени“ вели дека пожарот е локазиран за брзо време и нема опасност за негово понатаможно ширење.
„Опожарени се инвалидски колички оставени на балконот од болничка соба. Пожарот брзо е изгаснат и нема опасност од негово ширење. Нема повредени“,
рече тој.
Според него, болничкиот персонал реагирал навреме и ги евакуирал пациентите сместени во собата, како и посетителите што се наоѓале таму во моментот на избувнувањето на пожарот.
Се истражуваат причините за пожарот.
