Според пријавата во МВР, која вчеравечер ја поднела мајката на девојчето, Е. К. (35) од Кавадарци, нејзината ќерка била држена од една од малолетничките, додека другата ја горела со цигара. Настанот се случил на 16 ноември
Малолетно девојче од Кавадарци пред три дена било нападнато од две други малолетнички. Според пријавата во МВР, која вчеравечер ја поднела мајката на девојчето, Е. К. (35), нејзината ќерка била држена од една од малолетничките, додека другата ја горела со цигара.

Настанот се случил на 16 ноември на улицата „Сремски фронт“ во Кавадарци.
За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи – Кавадарци. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
