До крајот на неделата ќе биде релативно топло, со температури над просекот за овој период од годината. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе биде силен, со брзина над 80 километри на час
Времето денеска ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни, над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Температурите ќе се движат од минимални 6 до 11 степени, додека максималните ќе достигнат од 18 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот се очекуваат услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.
Според прогнозата на УХМР, променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет ќе се задржи и во наредните денови.
Под влијание на јужно воздушно струење, до крајот на неделата ќе биде релативно топло, со температури над просекот за овој период од годината. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе биде силен, со брзина над 80 километри на час.
