Вицепремиерот и министер за транспорт ги повика надлежните институции, вклучително и Обвинителството, Финансиската полиција и Финансиското разузнавање, да ги проверат сите наводи што се појавуваат во јавноста и се поврзуваат со работењето во оваа област
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, од собраниската говорница обвини дека Владата не го исполнила ветувањето за укинување на платформата „Мегавин“. Посочи и на, како што рече, спорни договори поврзани со Државна лотарија и бугарската компанија „МДД софт“
Владата останува на определбата за ограничување на игрите на среќа, а од 1 јануари државата ќе биде единствениот организатор на онлајн игрите на среќа и видеолотариските терминали (ВЛТ). Ова го рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Мојсоска од Левица, која побара одговор дали Владата ќе иницира разрешување на директорот на „Државна лотарија“, Александар Климовски, и дали ќе ја затвори платформата за онлајн коцкање „Мегавин“.

Посочи дека со измените на Законот за игрите на среќа се предвидуваат построги ограничувања за рекламирањето и за локациите на кои може да се организираат игрите, како и значително зголемување на давачките за приредувачите.
Според него, законските измени почнуваат да се применуваат од 1 јануари, кога „Државната лотарија“ како единствен субјект преку кој ќе настапува државата, ќе биде единствениот организатор на онлајн игрите на среќа и видеолотариските терминали.

По формирањето на актуелната влада, рече дека биле укинати лиценците на три компании поврзани со организирање онлајн игри на среќа и платформата „Ту вин“, која била дел од „Казино Австрија“ и системот на ВЛТ-терминали.
Оцени дека е потребна строга државна контрола за да се спречат нелегалното организирање игри на среќа и концентрацијата на пазарот.
Ги повика надлежните институции, вклучително и Обвинителството, Финансиската полиција и Финансиското разузнавање, да ги проверат сите наводи што се појавуваат во јавноста и се поврзуваат со работењето во оваа област.
Осврнувајќи се на случаите поврзани со работењето во овој сектор, Николоски рече дека е во тек судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и други обвинети, изразувајќи очекување дека постапката ќе заврши ефикасно и дека одговорните ќе сносат одговорност.
„Во тек е активна судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и другите обвинети. Очекувам судот во ефикасна постапка да ја заврши оваа работа и одговорните да сносат одговорност за стореното“,
рече Николоски.

Мојсоска, пак, во своето прашање обвини дека Владата не го исполнила ветувањето за укинување на платформата „Мегавин“. Посочи и на, како што рече, спорни договори поврзани со „Државна лотарија“ и бугарската компанија „МДД софт“.
„Договорот за ‘Мегавин‘, кој ДПМНЕ во опозиција го нарекуваше партнерство со бугарската коцкарска мафија, не само што не е раскинат туку директорот Александар Климовски на 13 јуни 2025 година потпишал анекс со истата бугарска фирма ‘МДД соф’, застапувана од Денчо Ганев, поврзуван со коцкарскиот магнат Васил Бошков – Черепот“,
рече таа.
Го повика Николоски да се произнесе дали неговата партија ќе побара разрешување на директорот на Лотарија, Александар Климовски и затворање на платформата „Мегавин“ или ќе продолжи да ги штити договорите со бугарската фирма што самата партија ги прогласуваше за криминални додека беше во опозиција.
„‘Државна лотарија‘ не е приватна фирма на Александар Климовски, туку акционерско друштво во кое државата има удел. Нејзините средства не смеат да служат за партиски интереси, сомнителни деловни зделки и профитирање на коцкарската индустрија на грбот на граѓаните“,
рече таа.
„
