„Се извинувам што можеби звучам песимистично, но ние не сме песимисти. Напротив. Ние сме активни и конструктивни и во континуитет даваме предлози како да се надмине овој спор“, изјави премиерот говорејќи на Форумот за проширување на ЕУ во Брисел
Ако го менуваме нашиот Устав само затоа што некој сака да го промени нашиот идентитет, тогаш, тоа секако не е поврзано со проширувањето. Тоа ќе го нарушти кредибилитетот на процесот на проширување. Ова, говорејќи за спорот со Софија, го порача премиерот Христијан Мицкоски за време на обраќањето на Форумот за проширување на Европската Унија, што денеска се одржа во Брисел во организација на Европската комисија.

„Се извинувам што можеби звучам песимистично, но ние не сме песимисти. Напротив. Ние сме активни и конструктивни и во континуитет даваме предлози како да се надмине овој спор“,
изјави Мицкоски.
Премиерот порача дека проширувањето треба да биде фокусирано на модернизирање на институциите, правејќи го поодговорни, подоверливи, поотворени за граѓаните. Ако го менуваме нашиот Устав само затоа што некој сака да го промени нашиот идентитет тогаш, вели тој, тоа секако не е поврзано со проширувањето.
„Тоа ќе го нарушти кредибилитетот на процесот на проширување“,
порача Мицкоски.
Во своето обраќање тој нагласи дека проширувањето мора да се темели на заслуги, исполнети реформи и конкретни резултати со фокус на изградба на поодговорни, поефикасни и потранспарентни институции.
„За жал, наместо да се вреднува нашиот реформски напредок, Македонија и понатаму се соочува со условувања поврзани со уставни измени кои задираат во идентитетски прашања. И покрај оваа пречка, остануваме конструктивни, активни и посветени на изнаоѓање решенија, затоа што европската перспектива на Македонија мора да биде јасна, предвидлива и заснована на европските принципи и критериуми“,
додава премиерот.
