Гасењето на пожарот траело два часа, од 23:35 до 1:30 часот по полноќ
Ноќеска избувнал пожар во барака со површина од околу 80 квадратни метри во скопската населба Жданец во Општина Карпош, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На гасење на пожарот интервенирале 19 пожарникари од скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Гасењето на пожарот траело два часа, од 23:35 до 1:30 часот по полноќ.
Засега нема информации за причините за избувнување на пожарот, ниту за евентуално повредени лица или причинета материјална штета.
