Порталот СДК.мк објави дека паднал излогот на Одделението за водење матични книги во Битола. Стаклото се скршило поради силниот ветер, за кој претходно денеска УХМР издаде метеопредупредување. Девојчињата со Брза помош се пренесени во болница
Две девојчиња од Битола се повредени откако паднал излог на јавна институција во центарот на градот. Како што објави порталот СДК.мк, паднал излогот на Одделението за водење матични книги во Битола. Стаклото се скршило поради силниот ветер, за кој претходно денеска УХМР издаде метеопредупредување.

Девојчињата со Брза помош се пренесени во болница.
Поради силниот ветер, кој од утринава дува на подрачјето на Битола, срушени се повеќе дрва низ градот и околината, потврдија работници на ЈП „Комуналец“, кои се на терен. Во населбата Нова Битола пријавено е дека дрво паднало врз паркиран автомобил. За поголема безбедност, локацијата ја обезбедува сообраќајна полиција.
Најсилните удари на ветерот УХМР ги регистрира утрово на мерната станица Тополчани, кои достигнале до 86 километри на час, а во 13 часот во Битола евидентирани се удари на ветерот од 54 километри на час.
