Ова го покажуваат податоците за индексите на прометот во секторот трговија што денеска ги објави Државниот завод за статистика, споредени со оние за истиот месец од минатата година
Граѓаните во Македонија повеќе трошат за храна и за гориво, а многу помалку на непрехранбени производи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Имено, ДЗС денеска ги објави податоците за индексите на прометот во секторот трговија за септември 2026 година. Според нив, прометот со автомобилски горива бележи номинален раст од 38,7 проценти во споредба со истиот месец лани, додека реалниот раст изнесува 12 проценти.
Значително зголемување се забележува и кај трговијата со храна, пијалаци и тутун, каде што според Статистика номиналниот промет е повисок за 24,1 процент, а реалниот за 19,4 проценти.
Од друга страна, најголем пад се бележи кај трговијата на мало со непрехранбени производи, освен гориво. Во овој сегменти, номиналниот промет е намален за 13,9 проценти, а реалниот за 9,2 проценти во однос на септември минатата година.
Што се однесува до вкупната трговија на мало, освен трговијата со горива, номиналниот промет е зголемен за 3,9 проценти, а реалниот за 4,7 проценти. Според податоците на Статистика, во трговијата на мало, освен со моторни возила и мотоцикли, вкупниот номинален промет е зголемен за 10,6 проценти, додека реалниот раст изнесува 5,3 проценти.

Сумирано, индексите покажуваат дека растот не е рамномерен во сите трговски дејности. Додека горивата и храната бележат двоцифрено зголемување, непрехранбениот сектор се соочува со значителен пад на прометот.
