Ако се земат предвид бројките и проценти од досега преборајните гласови, повтореното гласање в недела нема да влијае на позиционирањето на победничката и второпласираната листа на предвремените парламентарни избори во Србија
Предвремените парламентарни избори во Србија ќе бидат повторени на 53 избурачки места в недела, 1 ноември, одлучи Републичката изборна комисија (РИК), пренесуваат тамошните медиуми.

Станува збор за 31 избирачко место каде што не можеле да се утврдат резулатите од гласањето и уште 22 избирачки места на кои гласањето на 25 октомври било откажано, изјавил претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ.
На седницата на државното тело надлежено за спроведување на изборите во Србија, било одлучено за повтореното гласање да се испечатат 24 438 гласачки ливчиња, објави агенцијата Бета.
Инаку, според прелиминарните резулати, врз основа на 8 338 обработени избирачки места од вкупно 8 392, Студенстската листа на изборите во неделата освои 53,08 проценти од гласовите, додека листата „Обединета Србија“, чиј носител беше доскорешниот претседател на државата Александар Вучиќ, освои 38,97 проценти. Во апсолутни бројки, тоа значи дека за Студентската листа гласале 2 349 689 граѓани на Србија со право на глас, додека листата на СНС ја поддржале 1 726 375 граѓани.
Ако се земат предвид овие бројки и проценти, повтореното гласање в недела нема да влијае на позиционирањето на победничката и второпласираната листа на предвремените парламентарни избори во Србија.
Инаку, покрај овие две листи, во српскиот парламент влегуваат уште само партии на националните малцинства, за кои важи друг принцип на броење на гласовите и нивно преведување во пратенички места.
Според српските медиуми, избирачките места на кои не можеле да се утврдат изборните резултати се во Алексинац, Бачка Топола, Бојник, Владичин Хан, Инџија, Коцељево, Кула, Куршумлија, Мајданпек, Ќуприја, Суботица и Шид.
Избирачките места каде гласањето беше откажано се во Алексинац, Бабушница, Бачка Топола, Земун, Крушевац, Куршумлија, Лозница, Љиг, Нови Пазар, Петровац на Млава, Пирот, Пожаревац, Прокупље, Трстеник и Ќуприја.
