Јужнокорејската војска соопштила дека го засилила надзорот во регионот и оти одржува состојба на подготвеност во случај на евентуални нови лансирања на ракети од страна на Пјонгјанг
Северна Кореја утрово истрелала десетина балистички ракети од својот источен брег кон морето, пренесоа светските медиумите, повикувајќи се на соопштение на Здружениот штаб на вооружените сили на Јужна Кореја.

Според информациите, станува збор за ракети со краток дострел, кои биле истрелани од област во близина на Вонсан, на источниот брег на Северна Кореја.
Јужнокорејската војска соопштила дека го засилила надзорот во регионот и оти одржува состојба на подготвеност во случај на евентуални нови лансирања на ракети од страна на Пјонгјанг. Оттаму додаваат дека мерките се спроведуваат со блиска размена на информации со Соединетите Американски Држави (САД) и Јапонија.
Јапонското Министертството за одбрана, како што објави новиската агенција Јонхап, соопштило дека Северна Кореја лансирала објект што може да биде балистичка ракета и дека тој паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија.
Крајбрежната стража на Јапонија, претходно, исто така објавила дека најверојатно станува збор за балистачка ракета, која паднала во морето.
Северна Кореја последен пат истрела балистички ракети на 12 октомври во услови на зголемени тензии на границата со Јужна Кореја, каде во експлозија на мина минатиот месец беа ранети неколку јужнокорејски војници.
Инаку, Пјонгјанг оваа година изврши ракетни тестирања во повеќе од десет наврати.
