Локалните медиуми јавуваат дека најмалку 58 лица се повредени и хоспитализирани. Петнаесет од нив се критични, а останатите 43 се во сериозна состојба. Уште 50 други лица се полесно повредени
Бројот на жртви во железничката несреќа што утринава се случи во Шпанија се искачи на најмалку 64, а голем број се повредени, соопштија попладнево регионалните власти. Несреќата се случи утринава околу 9 часот по локално време меѓу два воза на брзата пруга меѓу Мадрид и Севиља, во централната покраина Толедо.

Локалните медиуми јавуваат дека најмалку 58 лица се повредени и хоспитализирани. Петнаесет од нив се критични, а останатите 43 се во сериозна состојба. Најтешко повредените се пренесени во болниците во Толедо, Сиудад Реал, Мадрид и Албасете. Уште 50 други лица се полесно повредени.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, се очекува попладнево да отпатува во покраината Толедо за да ја поддржи работата на тимовите за итни случаи и да им изрази сочувство на погодените од несреќата и нивните семејства.
Возовите на компаниите „Ренфе“ и „Ирио“ се судрија нешто по 9 часот утринава. Двата воза се движеле по трасата што го поврзува главниот град Мадрид со Севиља во јужната шпанска покраина Андалузија. Во возот на компанијата „Ренфе“ имало 397 патници, а во возот на „Ирио“ – 146 патници.
Министерот за транспорт на Шпанија, Оскар Пуенте, рече дека е разочаран од несреќата и ја отфрли можноста да поднесе оставка бидејќи, како што рече, во моментов не размислува за себе, туку на расчистување на случајот.
„Фокусиран сум да увидам што се случило и да го разјаснам случајот. Не размислувам за себе“,
изјави тој.
Причините за несреќата засега остануваат непознати.
