И на јутјуб-каналот на Здружението за промоција на македонските ски-центри, „Ски Македонија“, каде што се емитуваат видеа во живо, може да се види дека во дел од скијачките центри вее снег

Слаб снег попладнево провејуваше на планинскиот превој Стража на патот Гостивар-Кичево, но наносите не се задржуваат на коловозот.
На социјалните мрежи и на порталот „Порта“ се споделуваат видеа од патот кон Стража на кои може да се види дека провејува снег.
И на јутјуб-каналот на Здружението за промоција на македонските ски-центри, „Ски Македонија“, каде што се емитуваат видеа во живо, може да се види дека во дел од скијачките центри вее снег.
Според последните информации од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) и од „Македонија пат“, објавени во 18 часот, сообраќајот на сите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Оттаму препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
