Една од локациите што треба да добие две нови езерца за рекреативен риболов, според истражувањето објавено на посталот, се наоѓа покрај Вардар во Општина Петровец, на стотина метри до реката, во полето од источната страна. Жителите на соседното Орешани од спротивната страна на Вардар, како и сопствениците на викендички на ова ридско населено место, околу една година имаат поглед на дупка од неколку илјади квадратни метри полна со вода
Луѓе поврзани со фирми за ископување песок и за подготовка на бетон, во изминативе две години решиле да се пробаат во сосема друг бизнис – одгледување риба во езерца за рекреативен риболов, пишува во сторијата на „Призма“.

Бизнис, кој, исто така, подразбира копање дупки во близина на реки и вадење на земјата и на песокот од нив, но без процедури за концесија и без да се плати за ископаниот материјал.
Песокот ископан при градежни работи, без разлика дали станува збор за куќа, зграда, пат или за рибник со езерце, не се смета за експлоатирана минерална суровина. Тој не се споменува ниту во други закони, како тие поврзани со градењето, и е оставено на сопствениците, односно на инвеститорите, слободно да располагаат со него.
Во двата примера што ги најдовме, случајно или не, инвеститорите во рибниците за рекреативен риболов имаат и бизнис-интерес поврзан со користење на песокот. Не добивме информација што направиле со ископаниот материјал.
Целата сторија на „Призма“ е достапна на следниот линк.
