За ова се разговараше во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 со новинарките Ана Петрушева, директорка на БИРН Македонија, и Оливера Трајковска, авторка на емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма

360°: Едвај да може да се најдат луѓе на Студентската листа со претходно институционално искуство. Тоа се луѓе докажани во своите професии, неспорно, универзитетски професори, угледни доктори, спортисти, академици, видни луѓе во други професии, но со многу малку институционален опит.
Трајковска: И малку студенти. Студентска листа која има малку студенти.
360°: Тука и таму гледам дека носителот на листа дел од медиумите го ословуваат како потенцијален нов премиер. Се спомнуваат и други имиња, да речеме Дејан Шошкиќ, поранешниот гувернер на Народната банка на Србија од 2010 до 2012, тоа е во времето кога претседател е Борис Тадиќ. Можеме ли да претпоставуваме кој ќе ја води идната српска влада, таа која треба да го врати назад политичкиот систем што беше целосно изместен од Вучиќ кон претседателската функција иако претседателската функција е главно церемонијална како и нашиот шеф на државата?
Петрушева: Да, што сега мислам веќе нема да биде случај, нели. Прво, не ги спомнавме се уште претседателските избори, ама мислам дека на бранот на ваква победа можеме слободно да очекуваме дека кандидатот на студентското движење веројатно ќе седне на тоа место.
Трајковска: Изборот кој да прогласи победата можеби во истата вечер покажува кој ќе биде првото лице на претседателската кампања, тоа е академикот Сајчиќ кој веројатно го задоволува условот – доволно и десно по своите ставови за да може да биде прифатлив во некаква трка која ќе биде сигурно еден на еден.
360°: Добро, еве за претседателот, меѓутоа сега претходно ќе треба да видиме кој ќе бидат мандатар.
Петрушева: Добро, го спомнавте Шошкиќ, се спомнува, тој можеби ќе биде премиер, можеби ќе биде министер за финансии. Сега тоа е сè во доменот на шпекулации, мислам дека прилично брзо ќе ги слушнеме имињата, меѓутоа она што е заедничко од она што сум го видела од многуте тие претставувања, што во делови од кампањата, што во печатените медиуми, тоа се релативно, пред сè, прво пристојни луѓе кои имаат прилично добри биографии кои се почувствувале повикани да одговорат со свое место во овој момент. И повторно ќе речам, пак тоа се враќа на тоа дека овие места треба да ги држат луѓе што имаат знаење, стручност и интегритет пред сè.
360°: Уште синоќа чувме препораки до новата власт дека тоа што треба релативно брзо да го направи е да ги преземе безбедносните служби, јавниот сервис да го ослободи, обвинителството, полицијата… Да, ама веројатно нема да оди толку лесно сето тоа и брзо.

Петрушева: Големи амбициозни планови имаат. Тие планови вклучуваат и средување на улогата на регулаторното тело за електронски медиуми и закон за потекло на имот и лустрација, и преиспитување и да кажам чистка во рамки на администрацијата и се се тоа големи планови за кои прашање е како и колку време ќе треба да се спроведат и дали воопшто ќе можат да се спроведат. Мислам дека тоа што е предност за студентската листа на се ова што го видовме досега, отсуството на партија може да биде предност во таа смисла.
360°: Може ли да ги ставите безбедносните служби под контрола толку лесно, после 14 години власт на СНС? Каков предизвик е тоа?
Трајковска: Во претходната промена на 5 октомври, тие самите решија да се стават под контрола на новите кои доаѓаат. Тоа превртување не е исклучено, меѓутоа проблемот на Србија со службите или големите формати за контрола, Министерството за внатрешни работи и БИА е потполно уништениот човечки материјал. Тој којшто не се либи за партијата држава да направи сè, тој за кој законот е претседателот, лидерот на партијата… Јас мислам дека и прашањата што сега се поставуваат се само аналогија на тоа што веќе го преживеале од стариот политички алгоритам. Оти легитимни се, па и за нас овде навистина, аха дали нив ги чека нова ситуација како српски ДОС и тоа епохално распаѓање после и внатрешен конфликт. Затоа што само тоа отприлика разбираме во некаквата политичка технологија, кој со кого и на кој начин се спротивставува. Ова е потполно различен пристап, реков органско производство, со еден непосреден општествен договор дека чекорите мора да бидат одговорни, по ѓаволите закони пишуваат и професорите на факултет, закони не пишуваат членовите на Влада. Но, позицијата со која го обезбедувате тој интегритет на исклучително голема изборна легитимација, оти ако е 68% излезноста, таа од полнолетните граѓани на Србија, кои се околу 5,5 милиони, значи 76% излезеност од резидентите во Србија, од резидентите од 5 500 000 со право на глас, 4 200 000 излегле да гласаат. Тоа исклучително висока излезност која дава одлична легитимација.
360°: Ама Трајковска ова вака кажано убаво звучи, но на крај пред кого политичката одговорност ќе ја носат тие функционери? Нема партија, нема централен одбор, нема извршен одбор, 140 пратеници ќе бидат главните, така? Засега не гледаме таму една една команда, досега на пленуми се носеа одлуките, како ќе функционира сето тоа?

Трајковска: Добро, еве со нашиот познат речник да речеме дека граѓаните овозможија Србија да добие службена компетентна влада без потреба да се именува. Има мнозинство во парламентот и некој ќе ја предложи листата и ќе ги гласа. Прашањето е дали релативно брзо, зад сцената ќе се случат судирите кои се традиционални бидејќи овој распад во демократската опозиција на Србија е пред сè во најголем дел суета на луѓе кои не знаат кога им е доста. Борис Тадиќ формира партија, таа едвај стигнува до прагот, ама тој упорно се занимава со политика. Ова што му се случи на Ѓилас, срамота е денеска во Србија партија која себеси се нарекува европска партија да освои 0,3% од гласачкото тело.
360°: Добро, погрешна проценка направија што не ги поддржаа студентите.
Петрушева: Тоа е токму наплатата за таа вечер и тоа предавство со локалните избори. Тоа е тоа што луѓето не можат, не можат да му го заборават. И заради тоа практично решија да гласаат за студентската листа. Мислам дека не треба да заборавиме уште некои работи. Прво, полнолетниве граѓани во Србија, тоа се во голем дел родителите на студентиве коишто поминаа низ сè што поминаа во последните две години, се во голем дел и студентите од 96-та и од 5 октомври. Така што, не би го исклучувала тотално тој дел, ние имаме овде едно будење и мобилизирање и анимирање на сепак пристојна граѓанска Србија која сака да живее во земја којашто е ослободена.
