За почетокот на новата работна седмица, синоптичарите најавуваат променливо облачно и претежно стабилно време
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се движи од 6 до 20 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со услови за појава на слаба магла во претпладневните часови. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, а температурата ќе достигне од 10 до 17 степени.
За почетокот на новата работна седмица, синоптичарите најавуваат променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер, а утре и во вторник, наместа долж Повардарието, повремено ќе биде засилен северниот ветер.
