Тој бил евидентиран на 15 јули преку системот „Безбеден град“ дека го управувал возилото со брзина од 166 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час
Српски државјанин бил уапсен вчера на граничниот премин Табановце, на излез од државата, откако било констатирано дека претходно тој бил евидентиран во системот „Безбеден град“ со патничко возило „баик“ кое го управувал со брзина поголема од дозволената. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 39-годишниот М.П. од Србија се гони за безобѕирно управување со моторно возило.
„На 15.07.2026 на автопатот Гевгелија – Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино,“
информира МВР.

За случајот е известен и јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.
