Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС? Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со четири спрема еден, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко Филипче изјави дека ќе објави анкети во кои СДС има голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ, но две недели по таа изјава ниту трага и глас од анкетите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. На денешната прес-конференција, партискиот портпарол Валентин Манасиевски побара СДСМ да ги објави анкетите.
„Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС? Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со четири спрема еден, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка. ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека, но сигурно, со Филипче станува маргинална партија. Разликата во однос на партиите е четири спрема еден, а претседателот Мицкоски има седум спрема еден предност во однос на Филипче“,
рече Манасиевски.

Според Манасиевски, Филипче бега од избори бидејќи анкетите покажуваат оти СДСМ ќе доживее дебакл.
