Само во последното деноноќие во Тетово се регистрирани 26 новозаразени со коронавирус. Вкупно, овде има 351 активен случај. И покрај високите бројки и апелите да нема групирање, хаосот пред банките низ градот, како што објавува ТВ Алсат, продолжува.
Жителите се жалат дека нема ред. Иако доаѓаат наутро, добиваат бројка дека се 100 на ред. Од СВР Тетово велат дека полицајците им асистираат на приватните обезбедувачи да воспостават ред пред банките. Полицијата само кај една банка утврдила прекршување на протоколите и најавуваат дека ќе излезат со соодветна претставка.