Контролорите на АХВ утврдиле дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) заплени околу два тони небезбедна храна од различен вид од зелениот пазар во скопската населба Ченто. Заплената е извршена за време на вонредна инспекциска контрола во соработка со Комуналната инспекција на Град Скопје и Државниот пазарен инспекторат.

Контролорите на АХВ утврдиле дека храната се продавала надвор од местата предвидени за таа намена во рамки на пазарот, во нехигиенски услови, со што се зголемува ризикот за нејзината безбедност и за здравјето на потрошувачите. Запленетата храна е отстранета од промет.
Од АХВ најавуваат засилени инспекциски контроли, самостојно и во координација со другите надлежни институции, со цел заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедна храна на пазарот.
