Возилото, марка „бејџинг бејч“ на „Државна лотарија“, било опожарено ноќеска на улицата „Крсте Асенов“ во Чаир, а случајот го пријавил заменик-директорот на државното акционерско друштво, кој претходно го управувал автомобилот
Пожарот на возилото бил изгаснат од екипа на скопската противпожарна бригада, а од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот
Доцна синоќа во Општина Чаир било опожарено службено возило на „Државна лотарија“, кое, според информациите, го користел заменик-директорот на државното акционерско друштво, Ахмет Мифтари.

Според Министерството за внатрешни работи (МВР), случајот бил пријавен ноќеска во 2:12 часот, а иницијалите што ги споделија оттаму се совпаѓаат со оние на заменик-директорот на „Лотарија“.
„На 13.10.2026 во 02:12 часот во СВР Скопје, А. М. (42) од Скопје пријави дека на ул. ‘Крсте Асенов’ во Скопје било опожарено патничко возило ‘бејџинг бејч’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ‘Државна лотарија на Македонија’, кое тој претходно го управувал“,
информираат од МВР.
Пожарот на возилото бил изгаснат од екипа на скопската противпожарна бригада, а од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
