Пит Хегсет во интервју за конзервативниот канал „Вистинскиот глас на Америка“ (Real America’s Voice), рече дека осудениот поранешен офицер на армијата на САД Нидал Хасан ќе биде пречекан од стрелачки одред составен од војници, додавајќи дека, погубивањето треба да биде извршено токму на таков начин и да биде пренесувано во живо
Џон Милс, адвокат кој ги застапува затворениците осудени на смрт, вели дека одлуката за емитување на егзекуцијата во живо е без преседан во модерната ера и нема сигурна правна основа, додавајќи дека сè уште нема одлука по жалбената постапка покрената од Хасан
Егзекуцијата на поранешниот офицер на војската на Соединетите Американски Држави (САД), Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 невооружени војници во базата „Форд худ“ во 2009 година, ќе биде емитувана во живо, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Функционер на Министерството за одбрана, во изјава за Би-би-си, потврдил дека Хасан ќе погубен со стрелање, што ќе биде прва ваква егзекуција во Соединетите Држави по речиси 100 години.

Хегсет: Ќе се погрижиме луѓето да ја гледаат егзекуцијата
„Ќе се погрижиме луѓето да можат да ја гледаат, да биде јавна. Луѓето треба да разберат дека ваквите дела носат сериозни последици“,
изјави шефот на Пентагон, Хегсет.
Тој во интервју за конзервативниот канал „Вистинскиот глас на Америка“ (Real America’s Voice), рече дека осудениот поранешен офицер на армијата на САД ќе биде пречекан од стрелачки вод составен од војници, додавајќи дека, погубивањето треба да биде извршено токму на таков начин.
На прашањето дали Хасан имал некакви последни барања и дали му се обратил на претседателот Доналд Трамп, шефот на Пентагон одговори дека тоа не го интересира.
„Не ми е грижа. Ќе се видиме на 3 декемри“,
кажа тој, пренесоа светските медиуми.
Хегсет подоцна во објава на социјалната платформа Икс потврди дека првата воена егзекуција во Соединетите Држави по речиси 100 години ќе биде емитувана во живо преку интернет.
Correct.
— Pete Hegseth (@PeteHegseth) October 8, 2026
Егзекуциите во живо му припаѓаат на средниот век, вели професор по право
Егзекуцијата, како што потврди секретарот за одбрана е закажана за 3 декември во Форд худ, во сојузната американска држава Тексас. Тоа ќе биде првата воена егзекуција по повеќе од 60 години и прва од стрелачки одред од крајот на Втората светска војна.
Џон Милс, адвокат кој ги застапува затворениците осудени на смрт, вели дека одлуката за емитување на егзекуцијата во живо е без преседан во модерната ера и нема сигурна правна основа, додавајќи дека сè уште нема одлука по жалбената постапка покрената од Хасан. Адвокатот верува дека осудениот офицер најверојатно ќе побара преиспитување на пресудата пред федералниот суд, што би можело да го одложи неговото погубување.
„Најавите за емитување во живо и егзекуцијата се само обид на администрацијата на Трамп за привлекување внимание. Малку е веројатно дека ќе се случи, а камоли да се донесе правда се само одвлекување на вниманието за администрацијата на Трамп. Малку е веројатно дека тоа ќе се случи, а уште помалку дека ќе донесе правда“,
додава Милс.
Јуџин Р. Фидел, гостински предавач на Универзитетот „Јеил“ за Би-би-си вели дека станува збор за навистина несреќна одлука.
„Егзекуциите во живо се средновековни. Ги надминавме како општество, или барем така мислев до денес“,
вели тој.
Иако некои држави бараат некаков вид јавно следење на егзекуциите од страна на новинари или блиски на осудените, тие никогаш не биле пренесувани во живо, изјавила професорката по право на Универзитетот „Фордам“, Дебора Дено. Таа смета дека преносите во живо би наметнале ниво на транспарентност што не е видено во Соединетите Држави.

Егзекуциите бараат одобрение од претседателот на државата
Засега не е јасно каде ќе биде достапно емитувањето. Повеќето главни платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Мета, Јутјуб, Тик-ток и Икс, забрануваат или ограничуваат експлицитна содржина. Мета, која е сопственик на Инстаграм и Фејсбук, конкретно забранува емитување во живо на смртна казна. И Тик-ток не дозволува емитување вознемирувачка содржина што може да предизвика емоционална вознемиреност кај гледачите. Правилата на Икс, наведуваат дека содржината што го прикажува моментот на нечија смрт ќе биде отстранета доколку тоа го побара семејството. Би-би-си побарла коментар од компаниите во врска со конкретната најава на Пентагон за егзекуцијата на Хасан. Социјалната платформа Трут соушл (Truth Social) на американскиот претседател Доналд Трамп, како што потсетува британскиот национален радиодифузер, нема опција за пренос во живо.
Според законот, егзекуциите бараат одобрение од претседателот на земјата. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека секретарот за одбрана ја дал препораката, а претседателот Трамп ја одобрил. Би-би-си побарал коментар од Белата куќа за тоа дали претседателот Трамп поддржува егзекуциите да бидат пренесувани живо, но оттаму засега нема одговор.
Инаку, актуелниот американски претседател е долгодишен поддржувач на смртната казна. Во 1989 година, тој објави реклама во „Њујорк тајмс“ барајќи егзекуција на група наречена „Петмината од Централ парк“ – група од пет тинејџери кои погрешно беа осудени за убиство и силување жена. Тие подоцна беа ослободени од сите обвиненија. Од друга страна, пред да го нападне Иран оваа година, тој ги осуди јавните егзекуции во таа земја.
По враќањето на функцијата минатиот јануари, Трамп го укина мораториумот за федерални егзекуции што го воспостави Џо Бајден. Владата на САД не егзекутирала никого 17 години, сè до последната година од првиот мандат на Трамп, кога биле извршени 13 егзекуции во краток период.
Хасан, инаку воен психијатар, призна дека на 5 ноември 2009 година го извршил нападот во медицинска зграда каде што војниците чекале прегледи пред да одат на мисија. На воен суд во 2013 година тој изјавил дека верува оти ги штити муслиманите и Талибанците во Авганистан. Последната воена егзекуција во САД била извршена со бесење во 1961 година, а последната со стрелање во 1945 година, кога војникот Еди Словик бил егзекутиран поради дезертерство.
