Цел на нападите биле аедромите во Ријад и градот Абха, но засега нема информации од саудиските власти кој стои зад нив или од каде се извршени
Три лица загинале, а десетици се повредени во напади врз два аеродрома во Саудиска Арабија, соопшти вчера Саудиската управа за цивилно воздухопловство – ГАЦА (GACA), пренесоа светските медиуми.

Нападите биле извршени во вторникот и вчера, врз аеродромите во главниот град Ријад и во Абха, објавија саудските власти на социјалната платформа Икс.
Во нападот врз аеродромот во Абха, главен град на провинцијата Аасди во југозападниот дел на земјата, загинале две жени, државјанки на Алжир и Мароко, додека 28 лица се повредени, меѓу кои саудиски државјани.
Според извештајот на саудските власти, во нападот врз аеродромот во Ријад загинал државјанин на Судан, а осум биле повредени.
И во двата напади била предизвикана материјална штета, а администрацијата на Саудиска Арабија засега не соопштила повеќе детали околу нападите, а нема информација ниту кој стои зад нив или од каде се извршени.
Јеменските бунтовници – хути, кои се поддржани од Иран, претходно ја презедоа одговорноста за нападите што ги извеле врз двата аеродрома. Во понеделникот, тие објавија дека истрелале две балистички ракети врз меѓународниот аеродром во Абха, како дел од интензивираните напади врз цели во соседна Саудска Арабија во последните денови.

Во меѓувреме, војната во Јемен меѓу владините сили и хутите ескалира.
Саудиска Арабија ја поддржува меѓународно признатата јеменска влада и постојано спорведува воздушни напади врз шиитските бунтовници во земјата. Според владата на Јемен, нејизните сили започнале офанзива во неделата со цел повторно заземање и ставање под контрола на сите области контролирани од хутите.
