Според наводите на МВР, 32-годишниот Ѓ. П. се сомничи дека украл вкупно 12 велосипеди на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода
Полицијата приведе 32-годишен скопјанец поради сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди.

Според наводите на Министерството за внатрешни работи (МВР), 32-годишниот Ѓ. П. се сомничи дека украл вкупно 12 велосипеди на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода.
„Од него се одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации и дел од нив биле вратени на сопствениците“,
велат од МВР.
По целосно документирање на случаите, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
