Активните пожари се на териториите на општините Чашка, Липково, Дебар и Дебар, каде горат мешана шума и ниска вегетација
Во изминатото деноноќие на територијата на државата биле регистирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои, заклучно со 7:30 часот утрово, активни се четири, два се под контрола, а останатите 27 се изгаснати, информираат од Центарот за управувањер со кризи (ЦУК).

Според извештајот, и понатаму е активен пожарот кај местото „Биков Гроб“ во атарот на селото Јаболчиште во Општина Чашка, каде гори букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација.
Борова шума и ниска вегетација се зафатени од оган во селото Стрима во Ликовско, кај местото „Гури Куќ“, а противпожарните служби се справуваат и со пожарот во прилепското село Дрен, каде гори мешана шума.
Четвртиот активен пожар е на територијата на Општина Дебар кај местото „Крушно и Вложно“ во атарот на селото Горно Косоврасти. Таму, според информациите од ЦУК, гори шума.
Под контрола се пожарите во Општина Студеничани, помеѓу селата Драчевица и Цветово на местото „Калдиред“, каде гори ниска вегетација и на депонијата „Краста“ на територијата на Куманово.
Останатите 27 пожари, кои се изгаснати, биле регистрирани во повеќе општини, а претежно горела ниска вегетација, нискостебелста шума, стрништа и ѓубре.
Според ЦУК, меѓу изгаснатите пожари е и оној што избувна на пасиште над Боговинско Езеро на Шар Планина.
