На оваа тема рече дека вчера разговарал со министерот за надворешни работи Муцунски, кому му ја кажал, како што рече, својата анализа дека од средбата не очекува ништо, односно дека тоа ќе биде некаков дијалог на коњопој
Причина за ваквите негови очекувања, Мицкоски рече дека е однесувањето на официјална Софија
Премиерот Христијан Мицкоски нема големи очекувања од евентуалната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, која, според најавите, треба да се случи в четврток во Софија.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање денеска, рече дека сè уште не стигнал одговор од официјална Софија на барањето за средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова, а како што додаде, не очекува ниту да пристигне.
На оваа тема рече дека вчера разговарал со министерот за надворешни работи Муцунски, кому му ја кажал, како што рече, својата анализа дека од средбата не очекува ништо, односно дека тоа ќе биде некаков дијалог на коњопој.
Причина за ваквите очекувања, Мицкоски рече дека е однесувањето на официјална Софија.
„Па имајќи ја предвид мојата анализа, којашто вчера му ја кажав на министерот за надворешни работи, е дека, еве ќе бидам повторно дипломатски некоректен, а имајќи го предвид однесувањето на официјална Софија, не очекувам потврда, не очекувам ништо, очекувам некој дијалог пул асајд (pull aside), ние така го викаме на коњопој, и тоа од прилика“,
изјави Мицкоски.
Инаку, средбата меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија се очекува да се случи в четврток (8 октомври) на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8.
Од бугарското Министерство за надворешни работи вчера за новинската агенција БТА потврдиле дека министрите Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова ќе имаат можност за билатерална средбатие ќе имаат можност за билатерален состанок, како дел од редовниот дијалог меѓу двете земји.

Иницијативата за средбата дојде по минатонеделната посета на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, која, како изјави премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција, го советувала шефот на дипломатијата Муцунски да испрати дипломатска нота и да побара билатерална средба со својата бугарска колешка Петрова-Чамова на маргините на министерскиот состанок закажана оваа недела во Софија. Средбата, како што рекоа и Мицкоски и Фон дер Лајен, би била чекор кон воспоставување дијалог за деблокада на макодонско-бугарскиот спор што го кочи евроинтегративниот процес на земјава.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во петокот потврдија дека барањето е испратено до официјална Софија.
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска повторно упати жестоки критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека веќе ја поткопал средбата меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија со изјавите за улогата на Бугарија во Втората светска војна.
Според социјалдемократите, наместо да се посвети на дипломатијата, премиерот разгорува тензија, со цел македонската и бугарската страна да не седнат на заедничка маса и да дојдат до решение за меѓусебниот спор.
