Според метеоролозите, до среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст

Времето денеска ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде од -3 до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 22 до 29 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 3 степени наутро до 27 во текот на денот.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.
