УХМР за следниот период најавува релативно стабилно време со сончеви периоди и температури во границите на просекот за овој период од годината
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во североисточните делови повремено ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 14 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 18 до 27 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални 9 до максимални 26 степени.
УХМР за следниот период најавува релативно стабилно време со сончеви периоди во текот на денот. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.
