Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 28 септември 2026 г. на МРТ 1, во кое гостува генералниот директор на „Алкалоид”, Живко Мукаетов
Погледнете го изданието на „360 степени“, емитувано на 28 септември 2026 година на МРТ 1, во кое гостува генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. По повод 90-годишнината на компанијата, разговараме за нејзиниот развој, за неговите две децении на чело на „Алкалоид“ и за спојот на аналитиката и интуицијата во носењето деловни одлуки. Мукаетов објаснува зошто задржувањето и мотивирањето на кадрите е најголемиот предизвик за компанијата и најавува можност за ангажирање висококвалификувани стручњаци од Индија. За иселувањето на младите порачува дека се потребни повеќе меритократија и помалку политократија, но и подобри јавни услуги и помалку бирократија. Зборуваме и за придобивките од членството во ЕУ и за пречките со кои се соочуваат домашните компании додека земјата е надвор од Унијата. На прашањата за можен политички ангажман, Мукаетов открива дека добивал понуди за врвни политички позиции. „Јас сум секогаш тука за Македонија“, вели тој, објаснувајќи го својот избор (заеега) да придонесува преку „Алкалоид“, спортот и општествениот ангажман.
