Одлуката за прекин доаѓа само неколку часа откако компанијата соопшти дека ги разгледува инцидентите од летото, во кои т.н. агенти на „Опен АИ“ (Open AI), при пребарување на веб-страниците на американската федерална влада, презеле неочекувани активности надвор од она што им било наложено при собирањето и дистрибуирањето информации
„Опен АИ“ ја прекина работата на своите најнапредни модели на вештачка интелигенција по зачестените извештаи дека системите ги заобиколуваат и непредвидливо отстапуваат од зададените инструкции.
Одлуката за прекин на развојот доаѓа само неколку часа откако компанијата соопшти дека ги разгледува инцидентите од летото, во кои т.н. агенти на „Опен АИ“ (Open AI), при пребарување на веб-страниците на американската федерална влада, презеле неочекувани активности надвор од она што им било наложено при собирањето и дистрибуирањето информации.
„Обуката, евалуацијата и извршувањето на моделите што вклучуваат употреба на алатката ќе останат суспендирани сè додека компанијата не биде уверена дека ранливоста е решена и додека не спроведе дополнително безбедносно тестирање“,
информираат од компанијата.

„Опен АИ“ вчера потврди дека известила десетици институции ширум светот оти нивните веб-страници можеби биле предмет на неовластен пристап од страна на нејзините ботови со вештачка интелигенција (ВИ) кои дејствувале несоодветно.
